СЕРИЈА А 2022/2023

Лацио со еврогол му го нанесе првиот пораз на Интер сезонава

Во дерби натпреварот од 3. коло на италијанската Серија А фудбалерите на Лацио го победија Интер на „Олимпико“ со 3:1, нанесувајќи му го првиот овосезонски пораз.

„Бјанкочелестите“ поведоа во 40. минута преку Фелипе Андресон, но токму кога започна вториот дел Интер успеа да израмни со голот на Лаутаро Мартинес.

„Нераѕурите“ потоа тргнаа по пресврт, но наместо тоа доживеаја вистински шок, а за тоа се погрижија двајца Шпанци.

Во 75. минута Луис Алберто постигна ретко виден гол кога налета на повратната топка и од прва шутираше од околу 20 метри, погодувајќи го спротивниот агол со топовски удар, за водство на римскиот клуб од 2:1.

На четири минути до крајот Педро со уште еден многу убав гол ги постави конечните 3:1.

Remote video URL

Лацио во следното коло гостува кај Сампдорија, додека Интер е домаќин на Кремонезе, натпревар кој ќе се игра во вторник поради што Интер кај Лацио гостуваше во петок.

Претходно синоќа Удинезе славеше со 2:1 со пресврт на гостувањето кај Монца, а нашиот Илија Несторовски влезе од клупата и асистираше за победничкиот гол.

Remote video URL

Денеска во Серија А се играат 4 натпревари:

18:30
Кремонезе - Торино
Јувентус - Рома

20:45
Милан Болоња
Специја - Сасуоло

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе