Лаказет го одби повикот од француската репрезентација

Напаѓачот на Арсенал, Александр Лаказет, доби повик од француската репрезентација за претстојните натпревари против Холандија и Уругвај, но само два часа откако беше известен дека треба да се појави на репрезентативниот тренинг, тој реши да го одбие селекторот Дидие Дешамп.

Поради повредата на Ентони Марсијал, напаѓачот на Арсенал доби шанса да се приклучи на репрезентативниот состав на Франција, но тој експресно ја одби поканата.

Александр Лаказет не беше дел од оригиналниот состав кој селекторот Дешамп го достави до федерацијата минатиот четврток. Но, повредите на Пол Погба и Ентони Марсијал ослободија две места во составот, па тој реши денеска да ги пополни со Лаказет и Муса Сисоко.

Само два часа откако ги именуваше замените, Дешамп доби одговор дека Лаказет нема да се појави на репрезентативниот собир. Оваа одлука, како што тврдат од Арсенал, била донесена во согласност со клупскиот доктор кој го советувал Французинот дека е најдобро да остане во клубот за време на репрезентативната пауза.

Бидејќи француската репрезентација располага со огромен квалитет и тоа во огромен квантитет, Дешамп веднаш ја пронајде замената за Лаказет. Тоа е 25-годишниот Алесан Плеа, кој игра за Борусија Менхенгладбах и годинава постигна 8 голови во 11 натпревари за клубот.

„Тој има добра сезона и постигнува голови, но конкуренцијата за неговата позиција е преголема и во моментов решавам да останам со играчите кои ги избрав за Светското првенство“, рече Дешамп во октомври, кога не го повика Лаказет во репрезентацијата.

Оливие Жиру, Антоан Гризман и Килијан Мбапе се најдоа помеѓу избраните напаѓачи за натпреварите на Франција против Холандија и Уругвај. Надвор од составот е и Бенџамин Менди, кој се откажа од настапи за репрезентацијата до крајот на оваа календарска година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе