Латвија ќе казнува за гледање руски ТВ канали

Латвиската Влада донесе закон со кој ќе се казнуваат граѓаните кои ќе гледаат недозволени руски канали преку сателит.

Жителите на оваа балтичка држава, во која една третина се етнички Руси, ќе бидат кривично гонети доколку бидат фатени како гледаат руски канали чиј сигнал лесно се фаќа од преку границата. Казните ќе бидат парични.

Латвиската пропаганда оди дотаму што десетици руски ТВ канали беа забранети во државата од почетокот на месецов бидејќи емитуваат програма на руски јазик.

„Сме се заштитувале, се заштитуваме и ќе продолжиме да го заштитуваме нашиот информациски простор“, вели Иварс Аболинс, шеф на латвискиот Национален совет за електронски медиуми. Оттаму тврдат дека гостите на емисиите емитувани на руските канали шират омраза и повикуваат на војна во Европа.

Руската амбасада во Рига испрати протестна нота, а на Facebook објави дека ваквата политика е „во најдобра форма на една диктатура“.

Според истражувањата во Латвија, во 2018 година околу 62 илјади домаќинства се вклучувале на сателит за да гледаат руски канали кои не се емитуваат во Латвија.

Претпоставките за ваквите непопуларни мерки на Латвија се дека потекнуваат од тоа што главната опозициска партија, социјалдеократската Саскања (Хармонија), е предводена од етнички Руси и одржува блиски врски со руската левичарска партија Праведна Русија. Хармони на изборите во 2018 година освои 23 од можни 100 места во латвиската Саима.

Неодамна слично нешто се случи и во Украина која потоа се најде на тапет кај руски и европски политичари откако забрани неколку канали на руски јазик кои се во сопственост на Руси од Украина со изговор дека шират проруска пропаганда. На третина од населението во Украина мајчин јазик им е рускиот.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Чек дис аут

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе