Лаутаро под негови услови сака нов договор со Интер

Макфакс/Кајгана
/ 08.02.2024 / 15:32

Евентуалното заминување на Килјан Мбапе од ПСЖ ќе предизвика уште неколку други трансфер кога се во прашање напаѓачите. Поради тоа челниците на Интер му понудиле на Лаутаро Мартинес продолжување на договорот до 2028 година, пренесува La Gazzetta dello Sport.

Според новиот договор аргентинскиот фудбалски репрезентативец би заработувал 8 милиони евра по сезона. Проблем е што Лаутаро сака повеќе пари.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Лаутаро со недели преговара со раководството на Интер. Сепак, договор сѐ уште не е постигнат, бидејќи капитенот на Интер бара плата од 10 милиони евра по сезона.

Аргентинскиот фудбалер во клубот од Милано заработува 6,5 милиони евра годишно.

La Gazzetta dello Sport наведува дека следната средба меѓу челниците на Интер и менаџерот на аргентинскиот фудбалер би можела да се одржи во март во Мадрид.

На 13 март Интер ќе му гостува на Атлетико во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а седиштето на управната агенција што го претставува Лаутаро се наоѓа во Мадрид.

Аргентинецот пристигна во Интер во 2018 година од Расинг. За „Нераѕурите“ одигра 267 натпревари и постигна 124 гола. Сезонава Лаутаро игра во одлична форма и е убедливо најдобар стрелец во Серија А со 19 голови по 23 кола (тој одигра 20).

26-годишниот Мартинес (26) има договор со Интер до 30 јуни 2026 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе