Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечки дипломатски канали.

– Подготвени сме да разговараме на таа тема, но, во рамки на канали што ги договорија претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, тврди Лавров за ТАСС.
Суд во Русија синоќа ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на 9 години затвор поради шверц на дрога.
Британски медиуми наведуваат дека таа пресуда може да отвори пат кон размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.