Легендарниот Ferrari F40 изгледа феноменално во ново издание

И покрај константниот напредок во автомобилската индустрија, ретко кој автомобил успеа да го достигне култниот статус на Ferrari F40. Неговата нова верзија ветува многу и се очекува да биде посебен автомобил кој ќе биде нова гордост на италијанскиот производител.

Новата верзија на  F40 е модерен суперавтомобил со сите карактеристики кои треба да ги има еден модел на Ferrari.

Кога автомобилот за првпат ѝ беше претставен на публиката во 1987 година по повод 40-от роденден на компанијата, Енцо Ферари сосем самоуверено го претстави како најмоќниот, најбрзиот и најскапиот модел во историјата на Ferrari, но веројатно ни самиот тој не можеше да претпостави дека автомобилот ќе стекне толку посебен статус.

Постер со Ferrari F40 можеше да се најде во скоро сечија машка детска соба, но само мал број луѓе ја имаа честа и привилегијата да седнат во вистинскиот автомобил, а уште помал е бројот на луѓе кои можеа да си го дозволат.

Првиот автомобил во сериско производство со каросериски делови изработени од композитен материјал беше, погодувате, Ferrari F40. Сите 11 делови ги креираше Pininfarina, а конечната бројка на произведени автомобили до 1992 година изнесуваше 1.300 примероци – тројно повеќе од планираното.

Ова беше само дел од историјата на моделот F40 и веројатно ви стана јасно зошто се очекува новиот наследник да биде посебен. На приложените рендери можете да го видите дизајнот на Самир Садиков, кој понуди негово идејно решение за нова верзија за овој автомобил.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе