Легендите му посакаа добредојде на Овечкин во Клубот 700
Откако Алекс Овечкин стана осмиот хокеар кој постигнал 700 голови во НХЛ, останатите седуммина со видео посвета го пречекаа во нивниот клуб.
Прв се обрати најдобриот, рекордерот Вејн Грецки кој води со 894 голови. Потоа Мајк Гартнер, Фил Еспозито, Брет Хал, Марк Хау (како син на починатиот Горди Хау), Марсел Дион и Јаромир Јагр.
Јагр рече: „Ако бев Вејн Грецки, сега ќе се тресев. Затоа што мислам дека ќе го престигнеш“.