Лејди Гага позираше гола за декемвриското издание на Vogue

Американската пејачка и актерка Лејди Гага е ѕвезда на декемвриското издание на британската и италијанската верзија на магазинот Vogue, овој пат позирајќи гола. Во интервјуто таа откри и детали за снимањето на филмот „House of Gucci“.

Првпат во историјата иста личност е на насловната страница и на британската и на италијанската верзија на познатото списание, а фокусот на интервјуто беше насочен кон филмот „House of Gucci“.

Лејди Гага за насловната позираше во различни изданија, италијанската верзија го прикажува нејзиното лице одблизу, додека за британската е облечена во долга сребрено-црна тоалета.

На една од фотографиите пејачката лежи додека позира без облека, а со рацете ги покрива облините.

Филмот е во режија на Ридли Скот, а во него го претставува своето видување за едно од најстрашните злосторства во светот на славните. Лејди Гага се појавува во улогата на Патриција, позната и како Црна вдовица, прогласена за виновна и осудена на 29 години затвор поради ангажирање на убиец за убиството на поранешниот нејзин сопруг Маурицио Гучи.

Вдовицата во март изјави дека е изнервирана затоа што Лејди Гага не се консултирала со неа пред толкувањето на улогата.

Лејди Гага во интервјуто зборува за искуствата од сетот, но исто така јавно откри дека имала психолошки проблеми да се одвои од ликот што го толкува по завршувањето на снимањето.

Минала повеќе од една година истражувајќи за Црната вдовица, читала весници и гледала снимки, но не ја прочитала книгата на Сара Геј Форден „The House of Gucci: Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed“, според која и филмот е базиран.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе