Лекар во гостиварската болница издавал лажни ПЦР тестови

Лекар од Гостивар кој изготвил и наплатил два лажни ПЦР тестови доби кривична пријава и е лишен од слобода.

Од СВР Тетово информираа дека претпладнево Одделението за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (45) од гостиварското село Чегране. За него полицијата има основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Е.М. се сомничи дека на 7 и 9 овој месец, како лекар во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР тестови. За тоа им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари. Потврдите за негативен ПЦР тест им биле потребни за патување во странство, наведуваат од СВР Тетово.

Лекарот вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. Тој денес со кривичната пријава ќе биде изведен пред Јавен обвинител.

реклама

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе