„Леле колку ти е голем“ и други најчести секс лаги

Ако жената е преимпресионирана од вашата „машкост“, тоа обично не е добра вест, тврди сексологот Надиа Бокоди и додава дека досега не сретнала жена која не одглумила оргазам.

Сите понекогаш ги лажеме сексуалните парнери, но жените во хетеросексуални врски најчесто лажат за да одбегнат непријатна ситуација или за да не го повредат егото на партнерот, тврди Бокоди.

Таа исто така вели дека досега не сретнала жена која не употребила барем една од петте најчести лаги во врска со сексот, како и жена која не одглумила оргазам барем еднаш.

Бокоди, која е и колумнистка, смета дека жените се „биолошки условени“ да ги потиснуваат своите потреби и да им удоволуваат на другите, па затоа чувствуваат потреба да ги лажат партнерите.

Лажни оргазми

Иако Бокади смета дека повеќето жени најмалку еднаш одглумиле оргазам, таа додава дека уште не сретнала маж кој е уверен дека би препознал лажен оргазам.

Таа ги повикува жените да не прават шоу од сексот и да се откажат од глумењето ако сакаат да доживуваат вистински и квалитетни оргазми, особено ако се во долги врски.

„Иако лажирањето е делотворна тактика за да привршите лоша партија секс, ваквата лага помага мажот да си мисли дека е ‘божји дар’ во кревет и тоа кога е најлош“, истакнува сексологот.

„Леле колку ти е голем“

Природно е да сакате да го пофалите партнерот во кревет, но „Леле, колку ти е голем“ е лага стара колку и луѓето, вели Бокади. Таа објаснува дека жените често ја користат оваа „тактика“ на мажи кои се опседнати со големината на нивниот пенис и на кои им е потребна постојана потврда за нивната машкост за да се чувствуваат добро.

„Тоа се најчесто истите мажи кои се уверени дека големината на пенисот е поврзана со можноста брзо да ја доведат жената до оргазам и реално немаат никакви вистински познавања за тоа што опфаќа женското сексуално задоволство“, вели таа.

Во почетокот на 2020 година една обемна студија покажа дека жените преферираат големи пениси кога имаат секс за една ноќ, додека во долги врски се задоволни со пенис со просечна големина.

Лажна скромност

Глумењето неискусност во сексот е слично со глумењето оргазам и служи само за зголемување на егото на партнерот, особено кај оние мажи кои тешко се носат со фактот дека партнерката имала повеќе искуство од него.

„Ако мислат дека жената нема со што да го спореди, се чувствуваат подобро“, тврди Бокади.

Исто така, оваа лажна скромност жените ја „применуваат“ и со глумење дека претходно не пробале некои пози или потези во сексот, за да се чувствува партнерот дека тој прв им го пружил тоа искуство.

Искраднување

Кога жената често веднаш после сексот оттрчува во бањата со изговор дека сака да се истушира или да измие заби, најчесто бара приватност да ја „заврши работата“, односно да мастурбира за да доживее оргазам кој не го доживеала во сексот.

Ваквата лага не само што ве прави неискрена, туку ви ги намалува шансите да доживеете оргазам за време на секс (со стимулација или без), бидејќи партнерот мисли дека сте задоволена со тоа што го правите.

„Имам ниско либидо“

Овој изговор најчесто го користат жени на кои им е здосаден сексот со партнерот, но немаат храброст отворено да разговараат за тоа.

Тие велат дека им е намалено либидото, а всушност не сакаат да се потрудат во сексот и полесно им е да мастурбираат.

Мастурбацијата е здрава навика, но кога сте во врска не треба да биде замена за сексот. Зборувајте отворено со партнерот за тоа како да внесете некои промени, дали имате некои ментални бариери или други препреки кои ве спречуваат заедно да уживате во сексот.

реклама

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе