Кошарка

Ленард потпиша со Клиперс на три години

11. јули 2019 - 12:42 | МИА

Двократниот МВП на финалето во НБА Кавај Ленард официјално премина во Лос Анџелес Клиперс, потпишувајќи договор со клубот за период од три сезони.

Со овој договор, поранешниот играч на Сан Антонио и Торонто ќе заработи вкупно 103 милиони долари.

Тоа сепак не е најпрофитабилниот договор што можеше да го добие.

Каваи имаше можност да земе 141 милиони долари за четири сезони, но тој повеќе сакаше да стане слободен агент во 2021 година, кога друга суперѕвезда на тимот, Пол Џорџ, ќе го стори истото.

Форматот на реалниот договор е 2 + 1, третата година може да биде активирана само од Ленард.

Одлуката ги тера навивачите да очекуваат повеќе од интересно лето во 2021 година, кога на пазарот како слободни агенти можат да се покажат Ленард, Пол Џорџ, Леброн Џејмс, Бредли Бил и Јанис Адетокумбо.

Коментирај