Левандовски: Мојата приказна со Баерн е завршена

Полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски изјави дека неговата приказна со Баерн Минхен е завршена и дека трансферот е најдоброто решение, пренесува полската новинска агенција PAP.

За 33-годишниот напаѓач веќе подолго време се зборува дека наскоро треба да ја засили Барселона, но, според Bild, каталонскиот гигант не успеал со првата понуда за Полјакот, нудејќи му 32 милиони евра.

Капитенот на полската репрезентација денеска ги потврди гласините за негово заминување, но сè уште не зборувал за евентуален нов клуб.

„Заминувањето во друг клуб е најдоброто решение за двете страни“, изјави 33-годишниот фудбалер кој има договор со баварскиот гигант до крајот на следната сезона.

„Едно е јасно, мојата приказна со Баерн е завршена. После сè што се случуваше во последните месеци, не гледам понатамошна соработка. Верувам дека трансферот е најдоброто решение“, додаде извонредниот Полјак кој во редовите на баварскиот клуб дојде пред осум години од Борусија Дортмунд.

За тоа време, за Баерн постигна 344 гола на 374 натпревари, а минатата сезона го надмина рекордот на славниот Герд Милер (40) по бројот на голови во сезоната во Бундеслигата со 41 гол. За репрезентацијата постигна 75 гола на 129 натпревари.

Баерн во неколку наврати изрази уверување во медиумските настапи по крајот на сезоната дека 33-годишниот фудбалер ќе го испочитува договорот и ќе остане во Баварија уште една година.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе