Левица: Додека Лимани се луксузира, работниците четири месеци не зеле плата

Политичката партија Левица реагираше денеска поради сè уште неисплатените плати на вработените во АД Водостопанство.

Оттаму обвинуваат дека „додека директорот Локман Лимани од Алтернатива се луксузура во модерни канцеларии, репрезентации и патувања, вработените во АД Водостопанство Скопје немаат земено веќе четврти месец плата.“

Од Левица потенцираат дека во услови на криза и препораки за штедење, директорот ги реновирал просториите за состаноци, а „својата канцеларија освен што ја реновираше, ја пресели и на Водно“, а од друга страна, на работниците освен плата, не им се уплатуваат ниту придонеси, па со тоа го губат правото на бесплатно лекување.

„Голготата на работниците е доведена до тој степен, што дел од работниците кои имаат потреба од медицински интервенции, го молат директорот да ги одјави, за да се пријават како невработени во Агенцијата и да користат здравствени услуги.

Јавноста е сведок како оваа корумпирана влада вештачки ги уништува јавните претпријатија, преку нивните неспособни кадри, заглавени во криминали. Дали, по примерот од погубната транзиција, СДС спрема приватизација и на водата во Македонија?

Кризата која ја загрози егзистенцијата на мнозинството граѓани не е увезена од надвор - единствен виновник за траорната економска состојба е коалиционото амнестирано мнозинство, предводено од СДС и ДУИ и нивните пајтон партии“, поентираат од Левица.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе