Левица: Граѓаните ќе платат најмалку 600 илјади евра за апанажа на пратеници од минатиот состав

Деновиве во јавоста излезе информација дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, до сега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието.

„Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600.000 евра. Велиме досега, бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав“, објави Левица.

„Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив, обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани“, додава партијата која се залага за правата на работниците.

На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата само еден грас беше против апанажата, а тоа беше оној на Борислав КЛрмов токму од Левица.

„Ја потсетуваме јавноста дека на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, гласаше против доделување на апанажите“.

„Исто така, Левица уште во 2022 година поднесе закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и предлог-закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закона кои беа експресно одбиени од страна на широката буржујска коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ-ВЛЕН“, потсетува оваа партија.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе