Политичката партија Левица објави дека за своја химна ја усвоиле партизанската антифашистичка народна песна „Во борба, македонски народе“.
На последната седница на Президиумот, партизанската антифашистичка народна песна „Во борба, македонски народе“ беше усвоена за официјална партиска химна на Левица, објави претседателот на оваа парламентарна партија, професорот по римско право Димитар Апасиев.