На саемот за автомобили во женева, Lexus го претстави моделот LS 500h.
Луксуз на јапонски начин - вака накратко би можело да се опише Lexus LS 500h кој ќе се продава во повеќе од 90 земји. LS 500h е создаден на платформата на LC 500, но со одредени иновации, пред се во атрактивниот дизајн, но и во неговите перформанси.
Главен новитет е новиот 3.5 литарски V6 twin-turbo бензински мотор, со кој забрзува до 96 км/ч за 4,5 секунди. Премиерно ќе биде опремен и со 10-степен автоматски менувач.
Автомобилот е долг 5,2 метри, широк е 1,9 метри и висок 1,45 метри, што го сместува во ранг со BMW серија 7 со продолжено меѓуосовинско растојание.
Седиштата се греат, ладат, но и масираат, а можат да се подесуваат на 28 начини. Дисплејот на инфотејмент системот е со големина од 24 инчи и е најголемиот дисплеј кој некогаш е вграден во автомобил.
LS 500h ќе се најде во продажба кон крајот на годинава, а цената уште не е позната. Се прогнозира дека нема да биде под 93.000 долари.
Погледнете го видеото од претставувањето пред јавноста: