Кинеските власти имаат намера со сите средства да обезбедат единство меѓу Кина и Тајван, и покрај изјавите на САД, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџиан.
– Прашањето на Тајван е прашање број еден во внатрешната политика на нашата земја. Кина треба и задолжително ќе биде обединета, ние сме подготвени да преземеме максимални мерки за мирно обединување со Тајван, рече Лиџиан на брифинг, одговарајќи на прашањето како Пекинг ја оценува неодамнешната изјава на Вашингтон за „неприфатливоста на обединување на Тајван со континентална Кина со сила“.