Ливерпул плати 36 милиони евра за Мане

Сенегалецот Садио Мане за сума од 36 милиони евра од Саутемптон се пресели во Ливерпул. Мане ги мина лекарските прегледи, а ден потоа потпиша договор со трофејниот клуб.

Сенегласкиот репрезентативец Садио Мане е третото најскапо засилување во историјата на Ливерпул, по Енди Керол и Кристијан Бентеке, а веќе четврто за тимот на Јирген Клоп во преодниот рок.

Пред Мане, уште во јануари Ливерпул ги договори Камерунецот Жоел Матип кој од Шалке пристигна како слободен играч и Србинот Марко Грујиќ од Црвена ѕвезда, за кого клубот плати седум милиони евра. По завршувањето на сезоната на „Енфилд“, за сума од шест милиони евра, пристигна голманот на Мајнц, Лорис Кариус.

Мане, кој е поранешен играч на Мец и Салцбург, е петтиот играч кој во последните три години од Саутемптон се сели во Ливерпул. Претходно Саутемптон добро заработи од продажбите на Адам Лалана (25 милиони фунти), Дејан Ловрен (20 милиони фунти), Рики Ламберт (4 милиони фунти) и Натанијел Клајн (12,5 милиони фунти).

Сенегалецот во изминатите две години одигра 75 натпревари за Саутемптон, на кои постигна 25 голови.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе