Четири лица загинаа во терористичкиот напад во Лондон, а уште 20 се ранети, соопшти вечерва британската полиција. Меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец.
Полицијата наведе дека верува оти зад нападот стои едно лице.
На Вестминстер мостот кај Британскиот Парламент во Лондон, напаѓачот најпрво со автомобил покосил пешаци, а потоа во зградата на Парламентот со нож избодел полицаец, кој подоцна во болница им подлегна на повредите.
Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата, јави BBC.
Меѓу повредените се и три студентки од Франција.