„The Lost City“, акционата комедија со Сандра Булок и Ченинг Тејтум, заработи 31 милион долари што беше доволно да го симне новиот филм за Бетмен од врвот на бокс-офисот во Северна Америка.
Освен позитивните критики, хемијата меѓу двајцата актери прикажана на социјалните медиуми, билбордите и објавените трејлери во текот на промовирањето на филмот придонесе за добриот прием кај публиката, пишува Variety.
Филмот чини 68 милиони долари, а веќе заработи 31 милион долари само на домашниот пазар. На второ место се најде „The Batman“, со 20.5 милиони долари заработка од четвртиот викенд на прикажување.
Досега, овој филм заработи 332 милиони долари во Северна Америка и 672 милиони долари на глобално ниво.