Луѓето зиме губат коса поради недоволно витамин Д

Од генетската предиспозиција до фактори како што се стресот, хормоналната нерамнотежа и недостатокот од витамини – сѐ тоа може да предизвика губење на коса. Витамините се клучни за одржување на здравјето на телото, па ниту косата не е исклучок.

Витаминот Д е особено важен за здрав раст на косата, бидејќи секој фоликул содржи рецептор за витамин Д. Недостигот од овој витамин е една од најчестите причини за опаѓање на косата кај мажите и жените, особено во зима, кога луѓето се помалку изложени на сонце.

Стручњаците сметаат дека добрата исхрана и промените во начинот на живот можат да помогнат во решавање на проблемот со опаѓањето на косата предизвикано од недоволно витамин Д. Тие веруваат дека само 30 минути пладневна сончева светлина дневно е корисна за посилен имунитет, зајакнати коски и здрава коса.

– Витаминот Д е важен бидејќи се метаболизира во кожата со кератиноцити. Тоа се клетки на кожата кои го обработуваат кератинот – протеин во косата, ноктите и кожата. Кога телото нема доволно витамин Д, кератиноцитите во фоликулите на косата имаат проблеми со регулирање на растот и опаѓањето на косата, објаснува Карл Кристијан, основач на скандинавскиот здравствен бренд New Nordic.

Покрај вообичаениот начин на миење на косата со масирање на скалпот, Кристијан препорачува повеќе риба, црвено месо и јајца.

Губењето коса не е секогаш предизвикано од недостиг на витамин Д. Ова може да се случи и поради недостиг на витамин Б12 којшто обично се наоѓа во производите од животинско потекло или поради премалку протеини, што ја прави косата кршлива.

Исхраната која се состои од помалку мрсно месо, масна риба, сирење со малку маснотии, киноа, јаткасти плодови и тофу може да помогне во решавањето на недостигот на протеини.  

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе