Луис Енрике е нов селектор на Шпанија

Во бурниот месец кој е зад нас шпанската репрезентација смени двајца селектори а сега и трет доаѓа на клупата на некогашниот светски шампион. Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, е изборот за нов селектор на Шпанија.

Пред почетокот на Светското првенство во Русија отпуштен беше Хулен Лопетеги, со објаснување дека зад грбот на Федерацијата преговарал за преземање на клупата на Реал Мадрид. На неговото место дојде Фернандо Јеро, со кого Шпанија ја помина групата и испадна од Русија во осминафиналето од Мундијалот.

Задачата на Луис Енрике ќе биде тешка – да ја направи полесна транзицијата низ која поминува шпанската репрезентација. Кике Санчез Флорес и Мичел исто така беа помеѓу кандидатите за заменик на Јеро, но изборот сепак падна на Луис Енрике, кој во Барселона докажа дека знае добро да се снајде со играчи од највисок калибар и постави авторитет во моменти кога тимот на Барселона поминуваше низ криза на идентитетот. Пред да биде тренер на Барселона, тој работеше како тренер на Барселона „Б“, Селта Виго и Рома.

Новиот состав на шпанската репрезентација налага дека Енрике нема да ги има на располагање огромен број од играчите од шампионската генерација и наместо нив ќе мора да биде внесена свежа крв со имињата на Коке, Саул, Марко Асенсио и Кепа Аризабалага.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе