Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Макфакс
/ 04.06.2023 / 10:48

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека „единствената грешка“ што ја направија Русија и Белорусија е „што не го решивме прашањето (со Украина) во 2014 или 2015 година, кога Украина немаше војска и беше неподготвена“. Да потсетиме, Русија во 2014 година изврши инвазија и анексија на Крим, додека борците поддржани од Кремљ окупираа дел од територијата во Источна Украина.

Коментарите на Лукашенко беа дадени за време на состанокот со шефовите на безбедносните агенции на Заедницата на независни држави, која ја сочинуваат поранешните советски земји. Politico пишува дека овие коментари сугерираат дека Лукашенко целосно ја прифатил неговата трансформација во марионета на рускиот претседател Владимир Путин.

Односот на Лукашенко со Путин помина низ различни фази. Меѓутоа, откако Кремљ му помогна на Лукашенко да го реши проблемот со масовните улични протести по претседателските избори во 2020 година, белорускиот претседател вети апсолутна лојалност кон Путин.

Белорусија ѝ помогна на Москва да ја започне својата целосна инвазија на Украина во февруари минатата година, а подоцна се согласи да добие руско нуклеарно оружје на нејзина територија. Лукашенко тврди дека знаел дека Русите ќе извршат инвазија. „Ако војната не почнеше минатата година, ќе почнеше утре, но со полоши услови за Русија и Белорусија“, додаде тој.

„Единствената грешка што веројатно ја направивме беше тоа што не го решивме ова прашање во 2014-2015 година, кога Украина немаше војска. Сакавме да го решиме по мирен пат. Сепак, тие го искористија овој пат за да развијат вооружени сили подготвени за борба“, заклучи тој.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Свет

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Read more

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Read more

Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа

Read more

Нагорно-Карабах по примирјето: Преговори без резултати и остри предупредувања до Азербејџан од ОН

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе