Луксембург тргнува во вселенско рударство

Луксембург, малата земја меѓу силните европски економии на Франција, Германија и Белгија, има нова голема цел, а тоа е да стане центарот на вселенското рударство.

Првенствено познато по својата банкарска индустрија, луксембуршкото војводство промовира закон кој прво во Европа ќе му овозможи експлоатирање на астероиди. Таквото рударство е далечно можеби и повеќе од деценија, но се очекува дека потегот на Луксембург ќе го привлече интересот на пионерите во оваа област, како што е американската компанија „Planetary Resources and Deep Space Industries“.

„Долгорочно, вселенските ресурси може да доведат до нова успешна космичка економија и човечка експанзија во Сончевиот систем“, изјави луксембуршкиот министер за стопанство, Етјен Шнајдер.

САД ланскиот ноември усвоија сличен закон со кој на американските компании им се дава сопственоста над она што ќе го „ископаат“ од астероидите и другите вселенски тела.

Црпењето на ресурсите од вселенските тела е контроверзно проаѓање, бидејќи меѓународните договори наведуваат дека таквото искористување мора да биде во полза на сите земји. Заговорниците на вселенското рударство, пак, велат дека тоа нема да биде полезно само за осигурување на ресурсите кои на Земјата полека исчезнуваат, туку ќе помогне и во истражувањето на далечните планети.

„Истражувањето на Вселената бара искористување на вселенските ресурси, бидејќи доколку секој килограм храна, вода и гориво ќе мора да го носите од Земјата, нема далеку да се стаса“, изјави поранешниот директор на Европската вселенска агенција (ESA) а сега советник на луксембуршката влада за ова прашање, Жан-Жак Дорден.

Се очекува дека Луксембург својата законска рамка ќе ја има подготвено до крајот на годинава и наскоро по тоа да почне со реализација на планот. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе