НБА 2020/21

Мајами го издрибла Хјустон на крајот од преодниот рок

Во НБА владее шок откако пред самиот крај на преодниот рок тимот на Мајами Хит успеа на Хјустон Рокитс да му сервира двајца ветерани земајќи му солиден играч.

Пет Рајли навистина е генијалец. Претседателот на Мајами успеа да донесе играч од калибарот на Оладипо, а не мораше да се откаже од ниту една млада ѕвезда.

Во Хјустон ги испрати ветераните Кели Оулиник и Ејверу Бредли, а на Флорида дојде квалитетниот 28-годишен центар Виктор Оладипо.

Оладипо е најдобриот играч кој Хјустон го доби во големата размена за Џејмс Харден во јануари, а сега го претвори во два неимпресивни ветерани.

Неверојатно е како Хјустон дозвли да биде вака надмудрен во трејдувањето.

Мајами, всушност, цел ден се обидуваше да го донесе Кајл Лаури од Торонто Репторс, но тој сепак остана во канадскиот тим.

Од останатите трансфери, дискутабилно е и дали Портланд Треил Блејзерс даде преногу за Норман Пауел.

Црногорецот Никола Вучевиќ е најголемата ѕвезда која промени клуб на последниот ден од трансфер периодот. Високиот центар заврши со Орландо Меџик и отсега ќе игра за Чикаго Булс.

Тагови
реклама

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе