Мајка во Аргентина 3 пати ги спаси децата за неколку секунди
Објавено е видео снимено во градот Росарио, на кое се гледа како возило слетува од патот и се движи директно кон мајка со две деца. Благодарение на нејзината брза реакција за само неколку секунди мајката успева три пати да го спаси својот живот и животите на децата.
Возачот имал здравствени проблеми и изгубил контрола над возилото. Мајката и децата стоеле на семафор кога автомобилот за малку ќе ги покосел. Потоа успева да ги заштити децата од семафорот, кој паднал по ударот и на крајот ги повлече децата на страна за да избегне удар од такси возило.