УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Македонија стартуваше со победа над Ерменија од 2:1

Филип Здравески
/ 05.09.2020 / 16:57

Старт со победа над Ерменија во новата сезона на Лигата на нации во натпревар кој го одбележаа пеналите откако сите три гола беа постигнати од белата точка.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Македонските фудбалери добија посакуван почеток откако во 3. минута по еден корнер Вараздат Харојан направи фаул врз Елиф Елмас и босанскиот судија покажа на белата точка. Во отсуство на Пандев, одговорноста ја презема Езџан Алиоски чиј удар успешно заврши во мрежата на дебитантот Давид Јурченко.

Remote video URL

Македонија ја контролираше играта во првиот дел, имаше повеќе посед и со комбинирање на средината се обидуваше да се закани кон голот на Ерменците.

Во 35. минута шанса за втор гол имаше Алиоски кој од слободен удар упати сулен удар кој сепак голманот Јурченко го одбрани.

Само минута подоцна нов пенал за Македонија и тоа повторно по фаул над  Елмас при воздушен дуел, овој пат од страна на поранешниот вардарец Ховханнес Хамбарѕумјан. Се смени и изведувачот, сега топката ја зема Илија Несторовски кој го надмудри Јурченко за водство од 2:0.

Remote video URL

По паузата Ерменците ја преземаа иницијативата со оглед на негативата од два гола, но тешко доаѓаа до голот на Шишковски.

Најсериозната шанса за гол Ерменија ја имаше во 74. минута кога Артак Григорјан од пред македонскиот гол успеа само да го затресе надворешниот дел од мрежата.

Во финишот Македонија преку Трајковски и Адеми пропушти шанса за трет гол, а во надополнувањето Сероб Григорјан промаши колосална шанса од пред гол.

Сепак Ерменција постигнаа почесен гол и тоа во четвртата минута од надополнувањето. Дарко Велковски го сопна нововлезениот Норберто Бријаско и гостите добија пенал кој го реализираше поранешниот вардарец Тигран Барсегјан.

Remote video URL

Старт со победа и 3 бода за Македонија во Групата 2 од Лигата Ц каде од 18 часот во вториот натпревар се среќаваат Естонија и Грузија.

За Македонија настапија: Дамјан Шишковски, Кире Ристевски (71' Стефан Спировски), Висар Муслиу, Дарко Велковски, Стефан Ристовски (к); Аријан Адеми, Бобан Николов (75' Александар Трајковски); Елиф Елмас, Енис Барди, Езџан Алиоски, Илија Несторовски (62' Горан Пандев). Селектор: Игор Ангеловски.

Ова беше 9-ти меѓусебен натпревар по кој сега Македонија води со 4 победи наспроти оние 3 на Ерменија и 2 нерешени.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе