Македонски „Бастион“ во репортажа на Guardian за југословенската поп музика од 80-тите

Британски Guardian направи репортажа за неповторливата поп музика во 80-тите што се создаваше на територијата на поранешна Југославија и секако – македонските музичари не беа заобиколени.

Репортажата отвора со фактот дека во „бруталистичкиот Нов Белград... во подрумот на спортска сала, се роди првата дискотека во социјалистичка Југославија.“ Се истакнува дека „пред да се појават економските и етничките линии на поделба“ земјата некое време била „успешен социјалистички експеримент, со отворено општество и живописен културен живот“.

Во текстот, секако, се спомнува и дека во Скопје, Македонија, Кирил Џајковски го формирал „Бастион“ со пејачката Ана Костовска, текстописецот Милчо Манчевски и Љубомир Стојсављевиќ на бас. Guardian пишува дека иако групата постоела релативно кратко време, извршила силно влијание.

Се цитира Флора Питроло, која повторно го издаде LP на Бастион од 1984 година преку нејзиниот ACC Records во 2018 година, како го коментира изданието како „ритмички брз скапоцен камен на еклектичниот, експертски синт бран – жанрвски љубопитен, но втемелен во еден светол, гламурозен поп сензибилитет“.

Понатаму се образложува како Џајковски, кој тогаш уште бил во средно училиште, ја собирал опремата за свирење и снимање.

„Тоа беа класични парчиња опрема - имав 808 и Jupiter-4 Roland...  сѐ се свиреше во живо на снимка кога снимавме.“

„Луѓето се збунети - Југославија никогаш не беше дел од Источниот блок“, објаснува Џајковски.

„Креативно, тоа беше навистина убав период. Во моите спомени, тоа не е извалкано со политика или нешто слично“.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Изгледот на стапалата на Роналдо загрижува, 22 години кариера си го направи своето

Read more

Музика

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Read more

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Read more

Топ 10 најиритирачки песни на сите времиња

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ќе адаптира една од крими приказните на норвешкиот писател Ју Несбе

Читај повеќе

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе