Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на мобилната мрежа во земјава и регионот

Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500 Mbps за симнување (download). Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.

Во јуни, годинава, со воведување на нова технологија, се постигна двојно поголема брзина во споредба со 4G. Овие брзини, како што беше најавено, веќе се достапни за корисниците во центарот на Скопје, а до крајот на годината ќе бидат достапни и во другите поголеми градови.

„Со новата технологија, ќе можете да симнете филм од 2 гига бајти за 20 секунди, додека го спремите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата, брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина, не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Освен мобилната, Македонски Телеком ја надградува и фиксната мрежа. Иако брзината од 1 гигабит во секунда веќе е достапна за корисниците со оптика, надградба се прави на постојната бакарна линија со понапредна технологија, со што до крајот на годината над 100 000 корисници кои се на бакар ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини. Оваа технологија ќе им овозможи побрз интернет и подобра ТВ услуга.

Освен надградбата на мрежите, кои сега достигнуваат големи брзини, Македонски Телеком воведува и услуга – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа. Услугата функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем и ќе може да се активира преку веб страна која ќе се појави во интернет прелистувачот кога корисникот ќе биде поврзан на мобилната мрежа. Со оваа услуга, која се воведува за прв пат на пазарот, корисниците ќе бидат заштитени од небезбеден интернет сообраќај и освен најбрзата, ќе ја користат и најбезбедната мрежа. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе