Макрон ги замоли Французите да издржат уште 4 до 6 недели пред олеснување на мерките

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика денеска Французите да издржат уште еден до месец и половина, пред да може да ги почувствуваат првите олеснувања во актуелната здравствена криза.

Ќе биде потребно Французите да издржат приближно уште четири до шест недели, доколку се повикаат на зборовите на нивниот  претседател кој беше во посета на центарот за обука за индустриски занаети во Стенс, Сен-Сен Дени, кој му одговори на еден студент кога го замоли да го помести полицискиот час од 19 часот, бидејќи е тешко.

Дваесет француски департмани се под засилен надзор и може да бидат предмет на заострување на ограничувањата во наредните денови, а културните работници утринава повикаа на отворање на културата, една година по првите затворања и откажувања на настаните.

Заедно со новите ограничувачки мерки што би можеле да се воведат, извршната власт работи на зголемување на вакцинацијата, особено меѓу најранливите и медицинскиот персонал, со цел да се обиде да го намали притисокот во болницата. Жан Кастекс во четвртокот објави дека кон средината на мај, на сите лица над 50 години ќе им биде понудена прва доза вакцина против COVID-19.

– До крајот на март две третини од луѓето над 75 години ќе бидат вакцинирани, рече премиерот.

Шефот на државата, исто така, предвидува неделава да одржи состанок со членовите на Владата за да подготви воспоставување на здравствен пасош, со цел повторно отворање на културни места и ресторани затворени од пандемијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе