Струмица, 15 февруари 2019 (МИА) – Четворица малолетници од валандовското село Чалакли, вчера физички нападнале малолетничка од нивното село и притоа еден од напаѓачите ѝ нанел убодна рана во пределот на левата надлактица, сооpштија денес од СВР Струмица.
Нападот бил пријавен во Полициската станица во Валандово, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.