Манчини објасни како Де Роси ја прероди закржлавената Рома на Мурињо

Џанлука Манчини откри дека Даниеле Де Роси донел „спокојство“ во Рома откако резултатите под водство на Жозе Мурињо не беа добри.

Репрезентативецот на Италија зборуваше на прес-конференција во пресрет на првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа против Брајтон на Роберто Де Ѕерби.

Првото прашање беше за навивачите на Рома и како тие можат да ги инспирираат „Џалоросите“ во нивниот следен домашен европски натпревар.

„Како што секогаш велиме, тие се дополнително оружје, но ние мора да излеземе на теренот и да ги привлечеме кон нас. Среќни сме со она што секоја недела го прават за нас и ќе се обидеме да ги натераме да пеат уште повеќе утре“, одговори Манчини, цитиран од forzaRoma.info.

Де Роси го замени Мурињо во јануари и има 6 победи во Серија А од 7 натпревари. „Џалоросите“ се пласираа и во осминафиналето на Лига Европа, откако го победија Фејнорд на пенали во плејофот. Што промени Рома по назначувањето на Де Роси?

„Тренерот внесе свежина, ги донесе своите идеи и се обидуваме да разбереме што бара тој“, рече Манчини.

„Тоа го правиме дури и ако ништо не сме постигнале досега. Не се освојуваат титули за два месеца, но тренерот нè промени на многу начини, и тактички и на тренинзите. Тренерот има јасни идеи. Тој донесе спокојство, не затоа што Муриљо го немаше, туку затоа што резултатите не беа доволно добри. Тој [Де Роси] работеше на нашите глави, и кога нè поправи, почна да ги кажува своите идеи“, објасни дефанзивецот.

„Не е одбраната со четворица што не натера да победиме 6 натпревари од 7, туку спој на работи. Некогаш губите натпревари и покрај тоа што доминирате, а друг пат се случува спротивното. Фудбалот е чуден, но најважно е што 26 играчи имаат иста цел“, додаде.

Манчини се мачеше со проблеми со препоните во последните неколку недели, но се чини дека сега целосно се опорави.

„Веќе некое време се занимавам со овој проблем. Не сакам да изгледам како херој; можев да играм и го направив тоа“.

„Кога дојде тренерот [Де Роси], пропуштив натпревар поради суспензија и ми требаа неколку дополнителни денови за одмор. Бев на третман и работев во теретана 12 дена, сега веќе не чувствувам болка и се чувствувам многу подобро“.

Интересно, Манчини дојде во Рома летото 2019 година, токму кога Де Роси по долги години си замина за да ја заврши играчката кариера во славната Бока Жуниорс.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе