БУНДЕСЛИГА 2022/2023

Мане прогласен за најголемо разочарување на сезоната во Бундеслигата

Садио Мане дојде во Баерн минатото лето од Ливерпул како големо засилување, но потегот не тргна според зацртаното и покрај тоа што клубот ја освои титулата во Бундеслигата.

Откако одиграа разочарувачка сезона, не може а да не се каже дека Ливерпул страдаше од заминувањето на напаѓачот Садио Мане, кој одлучи да оди во Баерн и да биде замена за Роберт Левандовски.

Иако Мохамед Салах продолжи со одличната форма во црвениот дрес, повредите на Луис Диас и Диогу Жота направија ова дуо да не остави трага сезонава, додека на Дарвин Нуњес и Коди Гакпо им требаше време за да се адаптираат на стилот на игра во Премиер лигата.

Додека Роберту Фирмину си заминува од „Енфилд“ поради истекувањето на договорот, Јирген Клоп би можел да профитира од ситуацијата со Садио Мане во Баерн, и по само една сезона да си го врати сенегалскиот бисер. Мане во Ливерпул острави силен печат по доаѓањето од Саутемптен бидејќи секоја сезона постигнуваше двоцифрен број на голови. Како за споредба, во послабата Бундеслига постигна едвај 7.

Но, како за играч што во Ливерпул ги освои сите трофеи, авантурата во Баерн дефинитивно не се одвиваше како што двете страни се надеваа. Всушност, во неодамнешната анкета направена меѓу навивачите од Бундеслигата се вели дека неверојатни 41,7% од испитаниците го посочиле Мане како најголемо разочарување на сезоната, иако му помогна на тимот да ја освои 11-тата последователна титула, во една драматична завршница преземајќи го врвот од дортмундска Борусија.

URL

Отпуштањето на Јулиан Нагелсман беше нов удар за Мане, бидејќи откако на клупата седна Томас Тухел во нападот предност добиваа други опции.

Потоа и ги освои насловните страници откако Баерн беше елиминиран од Лигата на шампионите од Манчестер Сити во четвртфиналето. Вестите од Германија велеа дека Мане наводно го удрил соиграчот Лирој Сане во соблекувалната.

Сѐ уште е рано да се каже дека Мане по само една година ќе си замине од Минхен, но доколку тоа се оствари несомнено е дека ќе има интерес за 31-годишниот Сенегалец.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе