Маркес падна на тренинг и заврши во болница
Мото ГП шампионот Марк Маркес имаше непријатен тренинг на патеката во Тајланд каде загуби контрола над мотоциклот и се сруши, драстично ја оштети Хондата, а тој се здоби со повреди.
Веднаш беше ставен на носилки и пренесен во болницата во Бурирам на проверки бидејќи се пожали на болки во грбот и левата нога. Трката во Тајланд се вози в недела, а Маркес по проверките би требало да може да вози бидејќи повредите не се сериозни.