Марота за маестралниот трансфер на Џеко: Го купивме за ништо

Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота проговори за трансферот на Един Џеко, кој пристигна во миланскиот клуб како замена за Ромелу Лукаку и се покажа како полн погодок.

Џеко во март наполни 35 години, а минатата сезона за Рома постигна само 7 гола во Серија А, па многу навивачи на Интер се сомневаа дека тој е адекватна замена за одличниот Белгиец.

Затоа, пак, сега изгледа како уште еден маестрален трансфер потег на Марота, човек познат по тоа што изгради моќен тим на Јувентус преку слободни трансфери и сега работи слично во Интер.

„Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, Џеко го купивме за џабе, а на теренот нема голема разлика“, изјави Марота за Corriere della Sera.

Да потсетиме, Џеко летово потпиша двегодишен договор со Интер, а Рома му овозможи да си замине за мала сума која во овој случај ќе се реализира преку бонуси доколку Интер избори пласман во Лигата на шампионите. Надоместокот на бонус-сметката ќе изнесува 1,8 милиони евра.

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина оваа сезона во дресот на Интер одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, а постигна 11 гола со уште 3 асистенции.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе