Марс го погодиле катастрофални поплави, тврдат научниците

Претходно објавените фотографии на големи канали и огромни брановидни формации на површината на Марс сугерираа катастрофални поплави во минатото, а сега тоа и научно се докажува.

Научниците користеа податоци собрани од роверот Curiosity кој „работи“ на Црвената планета, за да докажат постоење на мегапоплави што се случиле во кратерот Гејл пред 4 милијарди години.

„За прв пат идентификувавме мегапоплави користејќи детални седиментолошки податоци што ги собра Curiosity. Депозитите оставени од мегапоплавите досега не биле идентификувани од податоците на претходните орбитери", рече Алберто Г. Фајрен, коавтор на текстот објавен во списанието Nature.

Фотографиите ги снимија камерите на роверот Curiosity кој е задолжен за набљудување на карпите и минералите во кратерот Гејл. Она што го забележале се седименти кои потекнуваат од огромни поплави по формирањето на планината Шарп и кратерот Гејл.

Научниците веруваат дека поплавите се предизвикани од ударот на огромен метеор што создало доволно топлина за да го стопи мразот на површината на планетата. Во тој процес, се ослободиле јаглерод диоксид и метан, кои во комбинација со вода испаруваат и на кратко формираат топла и влажна клима.

Ова довело до дожд на Марс, водата се излеала надолу по Шарп и го преплавила кратерот Гејл.

Присуството на вода може да значи присуство на живот. Затоа НАСА и другите вселенски агенции се обидуваат да најдат докази за постоење вода на други небесни тела во нашиот Сончев Систем.

URL

Сега останува на роверот Perseverence да најде докази за праисториски живот на Марс, откако ќе слета на површината на Црвената планета, што е предвидено да се случи во февруари 2021 година.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе