Актерската постава од славните филмови „Goodfellas“ и „The Godfather II“ ќе се соберат повторно за долгонајавуваниот филм на Мартин Скорсезе „The Irishman“.
Потврдено е дека Џо Пеши, откако 50 пати го одбил режисерот, ќе им се придружи на Роберт де Ниро и Ал Пачино во новиот филм, објави „Unilad“.
Пеши го играше садистичкиот лик Томи де Вито во „Goodfellas“, психопатот и гангстер кој во вистинскиот живот се викал Томас де Симоне.
Не е чудно што Скорсезе е толку заинтересиран Пеши, кој е познат по селективноста во одбирањето улоги, да игра во неговиот нов филм.
Филмот на Скорсезе „The Irishman“, како што беше претходно најавено, ќе чини 100 милиони долари, а снимањето ќе почне во август годинава.