Мартинијан Кириловски победник на Макфест 2019

Штип, 13 октомври 2019 (МИА) – Победник на 34. Фестивал на забавни мелодии Макфест 2019 е Мартинијан Кириловски, кој ја изведе песната „Сто пати на ден“.

Второто место е за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната „Уште ми фалиш“, а трето место е за познатата група „Фрајле“, кои на македонски ја интерпретираа песната „Не ѝ признавај“.

Наградата за најдобра интерпретација отиде кај Росана Сариќ-Тодоровска со песната „Спомени“, наградата за најдобар дебитант ја доби Славица Ангелова со изведбата на песната „Љубовта не боли“.

Мартија Станојковиќ која имаше комплетен настап на сцената ја освои наградата за најдобар сценски настап со изведба на песната „Возбуда и љубов“, и наградата за најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасов за песната „Кој те учи така“.

Техничкиот директор на Макфест, Кирил Панајотов, за МИА вели дека е задоволен од 34-тото издание на фестивалот, од самата сцена, преносот на фестивалот и комплетно од она што се случуваше на сцената.

Во преполната сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип синоќа на финалната вечер се слушнаа 20 композиции, додека своја шоу програма имаше Тамара Тодевска. Публиката уживаше во нејзините интерпретации, а на секоја песна имаше долги аплаузи.

Организатор на Макфест и оваа година е Општина Штип со финансиска поддршка на Министерството за култура.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе