Маск за конкурентот Lucid: Правам повеќе деца отколку тие автомобили

Lucid, калифорниска компанија која би сакала да стане конкурент на Tesla, има проблеми со производството.

Откако неодамна го намалија овогодинешниот таргет од 20.000 на 12.000 до 14.000 автомобили, деновиве направија уште една корекција. Сега очекуваат да произведат само шест до седум илјади примероци годинава.

Сето ова го поттикна сеприсутниот Илон Маск да се подбива со конкурентот кој и претходно бил цел на неговите „отровни стрели“ на Twitter.

Маск студено ја коментираше веста за намалувањето на производството, велејќи: „Во вториот квартал од годинава имав повеќе деца отколку што тие направија автомобили.“

Шегата на Илон Маск ќе биде полесно разбирлива ако знаете дека легендарниот претприемач е татко на дури девет или десет деца (во зависност од изворот) и дека неодамна доби близнаци со Шивон Зилис, претседателката на неговата компанија Neuralink.

Недолго потоа доби уште едно дете со пејачката Грајмс, со која е во врска. Неговиот љубовен живот очигледно е комплициран, но и многу продуктивен.

Lucid моментално има активни нарачки за 37.000 автомобили, а во првата половина од оваа година тие произведоа само 1.405. И додека Lucid се мачи со илјадници, Tesla цели на милиони.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе