Американската сојузна држава Калифорнија им наложи на своите жители да носат заштитни маски поради пандемијата со COVID-19.
Ова правило важи и кога се во ресторан и додека јадат.
Според упатствата што пристигнале од канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, маската смее да се извади само за да се стави храна во устата, а додека се џвака, односно помеѓу залаци, таа мора да биде ставена на лице.
Оваа препорака е во спротивност на препораките на Светската здравствена организација, според кои маската треба да се допира што е можно поретко, потсетува New York Times.
Како и повеќето држави во САД, Калифорнија бара да се носат маски на јавни места. Многу градови и населени места ги ограничија рестораните да ги послужуваат гостите само на отворени тераси, а во затворениот дел на локалот смее да биде исполнет најмногу 25% од капацитетот.
Досега се регистрирани повеќе од 840.000 случаи на заразени во Калифорнија, со над 16.000 мртви.
New York Times потсетува и дека експертите имаат спротиставени мислења за тоа дали треба да се носат маски во рестораните. Дискусијата ја водеше водечкиот американски епидемиолог, д-р Ентони Фучи, кој во едно интервју откри дека ја носи маската околу вратот додека јаде и пие, но ја става на лицето кога го чека келнерот или за време на други паузи додека јаде во ресторан.
Не помина долго време за да почнат граѓаните да реагираат на новото правило преку социјалните мрежи.
„Сега е официјално, живеам во најглупавата земја“, напиша еден Twitter корисник.