Масовен руски напад на Одеса: дронови тероризираа клучно украинско пристаниште, прекинато е снабдувањето со електрична енергија

Макфакс
/ 25.03.2024 / 11:07

Во украинското пристаниште Одеса беше прекинато снабдувањето со електрична енергија по руски воздушен напад во кој беше оштетен високонапонски енергетски објект, соопшти денеска најголемиот украински енергетски снабдувач ДТЕК.

„Ситуацијата сѐ уште е тешка. За да се намали оптоварувањето на мрежата, денеска во градот нема да работи електричен транспорт, а ограничена е и индустриската потрошувачка“, беше објавено на каналот на ДТЕК на Telegram, пренесува Укрінформ.

ДТЕК додава дека прави сѐ за што поскоро да се воспостави снабдување со енергија на домаќинствата и ги повикува жителите економично да трошат струја. Соопштено е дека до утринава е вратена струјата во два градски квартови.

Руските сили синоќа ја нападнаа Одеса со неколку групи нападни беспилотни летала од Црното Море, чија цел беше енергетската инфраструктура. Остатоците од дрон предизвикале пожар во електраната, кој веднаш бил изгаснат, соопштија градските власти.

Во Николаев 11 лица се повредени како последица на паѓање на фрагменти од соборен руски дрон од типот شاهد (Шахед), објави на Facebook регионалната управа. Како што се наведува, делови од соборениот дрон предизвикале пожар на станбена зграда и два автомобила, а оштетени се и приватни куќи во близина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе