Масовна ревакцинација на Македонци во Србија

Во Белград и Ниш денеска и утре се ревакцинираат најголемиот број од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината AstraZeneca, а продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот наутро почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови, и утринава на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и во недела до 17 часот.

Како што најавија од вакциналниот пункт на Белградски саем, денеска треба да се ревакцинираат 8.000 странски државјани, а во недела 5.000.

-Водечките луѓе во земјата направија извонреден дипломатски потег. Србија подаде рака на пријателство кон регионот, ги избриша границите и покажа дека сите се бориме против заедничкиот непријател. На крајот на март, повеќе од 22.000 странски државјани беа вакцинирани во Србија, а на Белградски саем над 12.000. Од тогаш поминаа 12 недели и дојде време за повторна вакцинација, изјави Д-р Зоран Бекиќ, дитектор на вакциналниот пункт на саемот.

Паралелно на Саемот, како што соопшти Бекиќ, се одвива и вакцинацијата со првите дози, исклучиво за граѓаните на Србија, Северна Македонија и БиХ.

Македонските државјани кои можат да се ревакцинраат викендов во Србија само во градот каде ја примиле првата доза, денеска и утре се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани кои во март во Ниш ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

-Ние сме посветени на еден регион – една економија. Бидејќи нашата економија во голема мера зависи од компаниите со кои соработуваат во регионот. Извезуваме заедно во ЕУ, која е наш најголем партнер. Ако сите не се добро, заздравувањето ниту за нас нема да биде лесно, изјави координатор на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан во Српската стопанска комора, Марко Мандиќ.

-Исто така, ги повикувам граѓаните на Босна и Херцеговина и Северна Македонија да дојдат во Србија за да се вакцинираат. Владата на Србија им овозможи на граѓаните на тие земји да се вакцинираат насекаде, во кое било време и со каква било вакцина во Србија, кажа тој.

Според директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза.

-Нека не се грижат, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на AstraZeneca за македонските граѓани, кажа Јеркан, кој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Според статистиката на Здравствениот дом во Врање, во петокот на македонските граѓани им биле дадени 422 дози вакцини против коронавирус. Во овој град до четврток, 17 јуни вкупно се вакцинирани 7.088 граѓани на Северна Македонија.

Во Србија денеска пристигнаа 50.400 дози вакцини на AstraZeneca донација од Романија. 

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Регион

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more
 

Вести

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе