Масовна тепачка во турскиот парламент поради Ердоган
Во турскиот парламент вчера дојде до масовна тепачка откако еден пратеник ја критикуваше политиката на Ердоган во Сирија, пренесе BBC.
Енгин Озкоч, пратеник од опозицијата, го обвини Ердоган за непочитување на војниците. Додаде и дека е многу неодговорно во Сирија да испраќаат војска, без војниците да имаат воздушна поддршка.
Турција директно ги поддржува бунтовниците кои се борат против режимот на Башар ал Асад. Минатиот месец во борбите во Идлиб загинаа над 50 турски војници.
По критиките во салата настана туркање и довикување, а потоа пратениците почнаа меѓусебно да се удираат.