Мажите кои не бараат помош од лекар за еректилна дисфункција си го ризикуваат животот

Многу мажи мислат дека еректилната дисфункција сè уште е табу тема, поради што не бараат лекарска помош, а со тоа си го ризикуваат животот.

Секој петти маж на возраст над 40 години страда од еректилна дисфункција, а лекарите истакнале дека ретко кој од нив бара помош. Многумина се водат од фактот дека овој проблем е табу тема, што е една од најчестите причини за негово игнорирање.

Сега е утврдено дека 90% од случаите со еректилна дисфункција се предизвикани од основни здравствени проблеми, а некои од нив може да бидат и фатални.

Импотенцијата има огромно влијание врз самодовербата на мажот, и се одразува на способноста за одржување на здрав сексуален живот. Многу мажи кои страдаат од еректилна дисфункција поради овие причини претпочитаат да не бараат лекарска помош, но тоа може да биде исклучително опасно, имајќи предвид дека состојбата може да биде показател за многу полош проблем.

Еректилната дисфункција може да биде последица на срцеви заболувања и дијабетес. Покрај тоа, срцевите заболувања, високиот холестерол, високиот крвен притисок и дијабетесот може да влијаат на протокот на крв во гениталиите, што доведува до еректилна дисфункција.

„Од витално значење е да се обрне внимание на зачестеноста на еректилната дисфункција бидејќи тоа може да помогне да се спречат сериозни кардиоваскуларни проблеми“, рече д-р Абас Канани.

Наодите на Британската асоцијација на уролошки хирурзи покажуваат дека 90% од мажите кои патат од импотенција имаат барем една физичка причина за нивниот проблем. Во 40 проценти од случаите проблемот е предизвикан од кардиоваскуларни заболувања, додека во 33 проценти од случаите причината се сведува на дијабетес.

Импотенцијата може да биде и знак за невролошки состојби како Паркинсонова болест и мултиплекс склероза.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе