MCE 2022 – Соединување на Gree со зелено енергетската иднина

На 28 јуни 2022 година, MCE Expo (Mostra Convegno Expocomfort) се отвори во новата сала на изложбениот центар Fiera Milano во Милано, Италија. Со темата „Соединување на Gree со зелено енергетската иднина“, Gree Electric е посветен на создавање зелена иднина и водење инспиративен живот.

На изложбата, претставени се најновите производи на Gree како моделот AI Learning Clivia, новата генерација топлинска пумпа Versati и новите инвертерски единици кои се карактеризираат со заштеда на енергија и висока ефикасност, заедно со добро развиениот G-IEMS систем за управување со фотоволтаично напојување. На саемот, Gree му ги презентира на светот своите технологии и заложби за заштитата на животната средина, како и својот концепт за продолжување по патеката на зелениот развој.

Во 21 век, зачувувањето на енергијата стана консензус постигнат од владите ширум светот. Gree, како одговорна компанија за климатизација, секогаш посветува внимание на потрошувачката на енергија се обидува да креира планови за заштеда на енергија.

Во таа насока е Gree AI Learning Clivia клима уредот кој е опремен со нов чип за меморирање на промените на параметрите на животната средина како што се влажноста и температурата во просторијата односно да ги следи навиките на корисникот, со што ќе може да го прилагоди режимот на работа на клима уредот, и да го избере оптималниот режим за заштеда на енергија и постигне ефикасно работење на клима уредот.

Како што е тестирано од лабораторијата на Gree и потврдено од Intertek, клима уред опремен со G-AI технологија може да заштеди дополнителни 10% од енергијата годишно.

Во денешно време, побарувачката за енергија постојано се зголемува ширум светот. Традиционалната енергија не само што има повисока цена, туку и го зголемува загадувањето на животната средина. Во тој поглед, Gree го лансираше се-во-едно високо-ефикасното и штедливо решение кое интегрира климатизација, подно греење и топла вода – VERSATI топлинска пумпа.

Топлинска пумпа Versati може да ги исполни барањата за ладење, греење и снабдување со топла вода во целиот дом во исто време, заштедувајќи енергија и заштедувајќи пари. Топлинска пумпа Versati е опремена со двостепен DC инвертер компресор, кој има висока стабилност и висока ефикасност. Енергетската класа може да достигне А+++ ,  а COP е висока до 5,4 при амбиентална температура од 7℃ и температура на излезната вода од 35℃.

Во споредба со претходните големи фотоволтаични единици, Gree донесе сосема нова фотоволтаична мулти-VRF-единица со странично празнење и фотоволтаични единици Super Free Match во фотоволтаичната област G-IEMS. Овие единици се полесни и можат да ги задоволат потребите на комерцијалните и резиденцијални објекти.

Фотоволтаичниот локален енергетски Интернет-систем на Gree G-IEMS е комплетен екосистем кој интегрира производство на енергија со висока ефикасност, безбедно складирање на енергија, сигурна трансформација на енергија, ефикасна потрошувачка на енергија, контрола на енергијата во реално време, централизирано управување со информации за енергија и лесна интеракција.

Тој не само што користи фотоволтаична енергија за безбедност и доверливост, туку и ја контролира потрошувачката на енергија под лимитот, со што ефективно ја подобрува ефикасноста на системот. Исто така, на потрошувачите им обезбедува позелена и поудобна животна средина додека го ублажува притисокот врз снабдувањето со електрична енергија и создава економски придобивки.

Течноста за ладење е „сржта“ на клима уредите. Традиционалните средства за ладење може да ја осиромашат озонската обвивка и да предизвикаат ефект на стаклена градина, што има негативни ефекти врз атмосферата и животната средина. Додека еколошкиот ладилен флуид R32, значително ги намалува емисиите на стакленички гасови, а со тоа го ублажува ефектот на стаклена градина.

Овој пат, Gree носи нови технологии и нови производи кои се посветени на заштита на животната средина, зачувување на енергијата и висока ефикасност. Како водечки бренд во глобалната индустрија за климатизација, Gree дефинитивно ќе се придржува до квалитетот на независните иновации.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе