Медведев се закани со нуклеарен напад врз Вашингтон, Берлин и Лондон

Макфакс
/ 19.02.2024 / 08:05

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно му се закани на Западот со сеопфатна нуклеарна војна доколку Русија по војната во Украина се врати на своите граници од 1991 година.

Во вчерашната објава на Telegram, актуелниот заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност го повтори својот добро познат став дека „нуклеарните сили никогаш не губат војна сè додека ја бранат својата татковина“.

Според Медведев, враќањето на Украина на старите граници би било против рускиот устав бидејќи освоените области во Источна Украина и Крим веќе се припоени како делови на Русија.

Границите од 1991 година се меѓународно признати гранични линии меѓу Русија и Украина, пред Русија да го анектира Крим во 2014 година и пред руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

„Дали тие идиоти навистина веруваат дека рускиот народ би прифатил таков распад на нивната земја?“, напиша Медведев.

Тој рече дека Русија ќе го организира целиот свој арсенал и покрај Киев ќе ги нападне и Вашингтон, Берлин или Лондон.

Медведев додаде дека овие „прекрасни историски места одамна биле внесени како цели на (руската) нуклеарна тријада“. Тој мислеше на конфигурацијата на копнените интерконтинентални проектили, ракетите лансирани од подморници и стратешките бомбардери со нуклеарни бомби.

Некогаш важеше за либерал, денес еден од поекстремните Руси

За време на неговиот мандат како претседател од 2008 до 2012 година, Медведев важеше за либерален и умерен политичар. Од почетокот на руската војна против Украина, пред речиси две години, тој се претвори во екстремист и сега е еден од најжестоките критичари на Западот.

Нема конкретни индикации дека руското раководство всушност планира да употреби нуклеарно оружје.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе