Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола 2023

Во тек се подготовките за реализацијата на големиот меѓународен ликовен проект: 1. Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола 2023.

Со околу 500 дела од скоро 400 автори од приближно 80 држави од целиот свет, изложбата ќе биде отворена на 15 ноември во КИЦ Битола (офицерски дом).

Ќе биде поставена во Алтернативната галерија - Свечената сала и Галерија Исток.

Според бројот на пријавените автори и држави ова е најголема ликовна манифестација во Македонија за 2023 година, а и пошироко.

Со присуството на истакнати автори од целиот свет, првото меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи ИБМБ Битола 2023 е веќе позиционирано со сите параметри во најзначајните ликовни меѓународни манифестации од ваков вид во светот.

Пропратни збиднувања: Специјални оддели на кинеската, италијанската и канадската минијатурна графика и цртеж, како и омаж за графичкото творештвото на Хосе Вујтс и Франс де Хроот, од Холандија, со специјално испратени дела за свеченото отварање.

Организатор на Меѓународното биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола е Владо Ѓорески, графички уметник, кустос и ликовен критичар, во соработка со Културно и информативен центар Битола.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Општина Битола.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Култура

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе