Мекгрегор објави, па избриша загрижувачки коментар за ќерката на Поарје

Конор Мекгрегор минатиот викенд се покажа како лош губитник откако поради тешка повреда на зглобот борбата со Дастин Поарје беше прекината по докторска одлука.

Додека судијата го прогласуваше победникот, Мекрегор од седечка положба во кафезот викаше, се закануваше, а особено невкусен беше неговиот речник кон сопругата на Поарје.

Со навредите се префрли и на социјалните мрежи, вчера на Twitter објавуваше обвинувања, па ги бришеше, а меѓу нив беше и порака којашто може да се сфати како закана за смрт кон петгодишната ќерка на Поарје.

URL

Во една објава постави три фотографии од Поарје, на една од нив е со ќерката, а покрај неа напиша „Gonezo“. Зборот сам по себе не значи ништо и на интернет веднаш почнаа расправи за тоа што сака да го каже Конор.

ММА аналитичарот Лука Фјури објасни дека станува збор за сленг, збор изведен од зборот „gone“, којшто во овој контекст значи „замине“ или „го нема повеќе“. Тоа значи дека би можело да се протолкува како закана за смрт.

„Сега почна да се заканува на невино девојче затоа што ја изгуби борбата. Одвратно“, напиша Фјури. „Многу е разочарувачки да се следи ваквиот пад на Мекрегор. Во ред е да изгуби, сите великани губат, но достоинството треба да се сочува. Последните години стана нестабилен пред нашите очи. Конор е скршен на повеќе нивоа“, напиша тој.

Зборот „gonezo“ можеби и не означува закана со смрт, но со самата објава на фотографија од детето Мекгрегор дефинитивно ја премина границата на невкусно и непримерно однесување.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе