Мехмедовиќ очекува стабилизирање на епидемиолошката ситуација

Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) – Во наредниот период треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата. Веќе се наоѓаме во онаа надолна крива на епидемиолошката состојба, истакна денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој претходно на прес-конференција ги соопшти двете нови мерки кои ги предложи Комисијата по одржаниот состанок, а се однесуваат на укинување на укинување на задолжителниот ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјава и на ослободувањето од работа на бремените жени.

Во однос на тоа дали треба да има дополнително укинување односно укинување на генералните препораки за спречување на трансмисија на вирусот или мерки, Комисијата, појасни Мехмедовиќ, остана на ставот дека вакцинацијата во нашата држава изнесува 41 процент, зборуваме за две примени дози и дека е премногу низок опфатот со вакцинација за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот.

– Според заклучокот на Комисијата, тоа што беше денеска дискутирано е дека се уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на која било од актуелните мерки вклучувајќи ги и сертификатите може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети или на амбулантите, рече Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека засега не гледаат разлика во клиничката слика кај пациентите со COVID-19.

– Согласно последните информации се уште доминантен BA1 варијантата на Омикрон и се уште немаме соберено доволно податоци кои ќе одговорат на тоа дека има некаква разлика во клиничката слика BA2 варијантата во однос на BA1 варијантата. Ги следиме искуствата што се во светот кои треба да ни укажат на тоа ако има какви било разлики во однос на третманот или постапувањето или дијагностиката кога се двете варијанти во прашање да ги имплементираме ако може што е можно побрзо, додаде Мехмедовиќ.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе