Melkus RS 1000: Комунистичкото Ferrari

Автомобилот Melkus RS 1000 бил познат и како источноевропско Ferrari најмногу поради тоа што потсетува на моделот 250 GTO, но кога ќе го слушнете неговиот звук сличностите со италијанскиот бренд завршуваат.

Автомобилската индустрија во земјите од Источниот блок забележително заостануваше зад Западот, но во периодот пред падот на железната завеса беа создадени некои интересни автомобили.

Еден таков модел е Melkus RS 1000 кој се произведувал во периодот од 1969 до 1979 година во Дрезден, во тогашната Источна Германија. Зад компанијата стоел автомобилистот Хајнц Мелкус, а компанијата изработувала тркачки модели. Единствениот модел кој бил наменет за возење на јавните патишта бил RS 1000, од кого биле направени 101 примерок.

Иако од надвор автомобилот изгледа атрактивно, Melkus RS 1000 губи дел од шармот кога ќе се стартува неговиот мотор. Под хаубата овој модел имал 1.0 литарски три-цилиндарски мотор кој развива 70 коњски сили, а бил преземен од Wartburg 353. Звукот што го произведува не е она што се очекува од автомобил со спортски изглед.

Сепак Melkus RS 1000 имал и иновативни решенија. Благодарение на каросеријата од фиберглас, тежел само 680 килограми, што донекаде компензирало за недостатокот на сила. Автомобилот имал и безбедносен рол-бар интегриран во рамката на ветробранското стакло, како заштита при превртување, а посебна атракција претставувале вратите што се отвораат нагоре.

Малата маса сепак не била доволна за да надокнади за слабиот мотор, па со помош на 5-брзинскиот мануелен менувач, кој ја пренесувал силата на задните тркала овој автомобил забрзувал од 0-100 за 12 секунди, а максималната брзина била 165 километри на час.

Некои од примероците имале и поголем 1.2 литарски бензински мотор, но кај нив максималната брзина изнесувала скромни 175 километри на час.

Тркачката верзија имала модификуван мотор со 118 коњски сили, и развивала брзина од 210 километри на час.

Брендот Melkus беше обновен во 2009 година, кога на саемот во Франкфурт беше претставен наследникот - Melkus RS 2000. Меѓутоа и покрај интересниот дизајн и 1.8 литарскиот мотор на Toyota, компанијата направи само 25 автомобили, а фирмата банкротираше во 2012 година. ­

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=MJ31pgHkwW0]

 

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Авто новости

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Read more

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Read more

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Read more

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more
 

Автомобили

  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе